По повод 60 години од скопскиот земјотрес, „Јуроп хаус“ го отвора архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град.
ЈП депонија Дрисла ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот со денешниот пожар во депонијата, сторителите да бидат најдени и соодветно казнети.
АД ЕСМ соопшти дека е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.
Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла.
Мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Сакам да ја истакнам и улогата која ја има Советот за превенција кој функционира во локалната самоуправа. Неговата клучна улога е во превземањето на активности во насока на превенција од секаков вид на насилство.
Проектот е во вкупна вредност од 23,574,074 денари, од кои 10,380,998 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, додека пак, 8,435,000 денари се обезбедени преку Швајцарската влада, а општината обезбеди 4,758,076.
Во соработка со „Светот на Биби“, првачињата од основните училишта на територијата на Општина Аеродром добиваат едукативни и дидактички материјали со ликовите на хероите Биби и Боби, кои ќе ги користат за полесно и позабавно совладување на материјалот
Премиерот пред присутните кажа дека станува збор за едно од најстарите училишта во Скопје и оти ова е прв зафат за проширување на училиштето по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.
Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ.