Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, проф. д-р Мевлудин Ибиш, потпишаа Меморандум за соработка со рамки на образовните и практичните процеси, во рамки на идејата за доживотно учење
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 09 30 часот, без вода ќе бидат улиците „Илија Ристевски“, „Партизански Пат“ и место наречено Три Круши во Драчево
Од партијата посочуваат дека целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (18.03.2023) и во недела (19.03.2023), поради изведување на градежни работи, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и тоа во сабота со почеток од 08.00 часот до завршување на градежните работи и во недела во периодот од 07.00 до 19.00 часот
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со комуналните инспектори и редари од општинскиот сектор за инспекциски работи и припадниците на МВР, денеска вршеа контроли во реонот на Зеленото пазарче
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатите неколку дена извршија расчистување на околу 25 кубни метри отпад одложен во објектот Капан ан, лоциран во Старата скопска чаршија, информираат од претпријатието
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 11:00 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на село Бардовци
„Донација која доаѓа од срце - Подари живот“, со оваа порака Општина Центар го одбележа 17 март – Денот на формирање на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството
Поради дефект на шибер ф 100 на ул. „12“ село Бардовци, раскрсница со ул. „18“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „18“
Од почетокот на годината досега, во координација со АД „Водостопанство-Скопско поле“ - Скопје, ЈКП „Илинден” и граѓаните, исчистени се околу седум километри отворени одводни канали на територијата на Општина Илинден