Централната власт, предводена од СДС и ДУИ, издава усни наредби да се одржи итна вонредна седница на Општина Карпош со точка на дневен ред ребаланс на Буџет на општината, за да се обезбедат плати за наставниците во основните училишта на територијата на Карпош.
Една од точките на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд ќе биде предметот во кој е оспорена Одлука за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 2014-та година, донесена со 11 гласа, а се однесува Градска четврт Ј 07
Урбаното зеленило има важна улога во прочистувањето на воздухот, особено во ова време од годината, поради местоположбата на главниот град, но и засилената урбанизација, а сега дополнително и заради енегргетската криза
Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром
Тој посочи дека исто така останува последниот дел, а тоа е за кој што се коментираше многу, а тоа е во делот на културата. Со задоволство може да каже дека се обезбедија и средства и во тој дел, како и во делот на спортот.
Селими додаде дека реконструкција на улицата е по барање на жителите. Со реконструкција на оваа улица истовремено ќе се олесни и ќе се растерети сообраќајот.
Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани.
Таа истакна дека е потреба сериозна анализа и изнаоѓање на соодветно трајно решение за овој проблем, барајќи клубот да се врати под ингеренции на Град Скопје.
Општина Ѓорче Петров денеска го одбележува Денот на ослободувањето на општината. Со положување цвеќе делегации од општината им оддадоа почит на борците кои дале живот за слободно Ѓорче.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.