Град Скопје наскоро ќе го презентира планот за штедење на електрична енергија. Планот, како што денеска изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е сеопфатен и содржи интервентни мерки на штедење
Град Скопје започна со реконструкција на улицата „Скоевска” во општина Бутел. Со овој проект целосно се реконструира коловозот на улицата и нејзините три краци, во вкупна должина од околу 1800 метри и ширина од шест метри, од крстосница со улица „Ѓоре Ѓоревски“ до крстосницата со улица „Радишанска“
Од вечерва, со почеток во 21 часот, па до 14 август, во партнерство со МакеДокс, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец” ќе биде отворено првото „Кино на отворено“ во Кисела Вода
Ова е третото спортско игралиште од вкупно седум што се градат на територија на општина Гази Баба
Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Банско” 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Банско”, „Баница” и дел од „Востаничка”
Жителите од улицата „Радишанска Лево 304″ (Бел камен) денеска од 08:30 часот немаат вода поради дефект на приклучна цевка, информираа од „Водовод и канализација”
Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс од денеска до 14 август организира „Кино на отворено“
На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени.
Прекинато водоснабдување утре од 9 до 12 часот ќе имаат корисниците во дел од улиците „Багдадска“, „Атинска“ и „Ристо Равановски“ во населбата Тафталиџе, соопшти ЈП Водовод и канализација
Во текот на јули 2022 година се пречистени вкупно 70.587 кубни метри отпадна вода во Пречистителната станица за отпадни води – Волково (ПСОВ), која е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково