Инспекциските служби на Општина Аеродром почнаа голема акција за отстранување на возилата кои се непрописно паркирани и ослободување на патеките, тревниците и плочниците. За отстранување на возилата, Општината ангажира пајак-служба, а несовесните возачи добиваат парични казни
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје започнаа со реконструкција на пешачката и велопатеката по должина на булеварот Гоце Делчев, од двете страни на потегот од Стоковна куќа Мост до триаголникот кај мостот Гоце Делчев
Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу
Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива” продолжуваат градежните активности за асфалтирање на локалните улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општина Илинден
Изминатите денови по налог на Град Скопје екипите на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост
Од „Водовод и канализација” информираат дека е можен прекин на водоснабдувањето во населбата Пинтија поради прекин на електричната енергија во пумпната станица
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5.000 квадратни метри, а кој пред само десетина дена го најавија градоначалничката Данела Арсовска и директорот на претпријатието, Ангеле Сотировски
За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „Боте Боцевски“, „Тоне Томшиќ“, „Доситеј Обрадовиќ“, „Георги Димитров“ и „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.
Денес за нов директор на Јавното Претпријатие Комунална Хигиена Скопје е назначена Косана Мазнева