Од утре, Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.

Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

До Средно Водно сообраќаат три линии:

- 25 (Транспортен центар - Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник - 25А (Автомакедонија - Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник - 25Б (Дом на печат - Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2022 10:04