Ве информираме дека во вторник (24.05.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници
Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1550 и 1551 во Визбегово
По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи „Матурската парада“
Во должина од 2км од двете коловозни ленти се започна со чистење, кастрење и проширување на патот. Исто така закрепени се сите ударни дупки долж цела улица 7.
Пуштени се во функција двете сензорни соби во основните училишта “Кузман Шапкарев” и “Кузман Јосифовски Питу”, со кои децата со посебни потреби добија простории прилагодени со реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување, кое докажано има смирувачко дејство.
Реконструкцијата на пешачката патека на улицата Љубљанска е во тек, а екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го асфалтираа потегот од улицата Волгоградска кон улицата Разловечко востание, на површина од 550 квадратни метри
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во рамките на големата пролетна акција во општина Ѓорче Петров денес ги санираа оштетувањата во асфалтот на улицата Алексо Демниевски во површина од 20 метри квадратни
На ул. Борис Сарафов извршена е контрола на 35 шахти, рачно се исчистени 15 шахти, 117 сливници, извршено е перење на канализациона линија со цистерна вакуум 330 м и прочистување со цистерна притисок 360 м
Во јавното претпријатие Улици и патишта може за прв пат после подолго време менаџерскиот тим е составен од луѓе кои што навистина си ја знаат работата, и тоа се луѓе кои што се докажале во приватниот сектор во оваа област и своето знаење и искуство го пренесуваат и во градот
Од она што можеме да го видиме разликите се очигледни и оние негативности кои што се случувале минатиот период сега се само едно минато