Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски им посака убав одмор и оттаму да се вратат со спомени вредни за паметење и енергија за нови успеси.
Потоа, на 30 јули, вторник, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.
Како што информираат од Општина Ѓорче Петров предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.
Со настап на Андријана Јаневска и Александар Тарабунов, Општина Илинден денеска ќе го одбележи патрониот празник „Илинден – 2 Август“.
Оттаму посочуваат дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните на Општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, проф. д-р Лутфи Сунар денеска потпишаа меморандум за соработка и партнерство во повеќе области.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за физички и правни лица почна на 20 јуни, а трае до 31 овој месец.
Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај.
Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.
На настанот по повод одбележувањето на изградбата на новата детска градинка во Трубарево, Мицкоски рече дека работата е белегот на новата Влада и дека ваквиот проект е првиот чекор за решавање на проблемот со недостатокот на градинки во поголемите населени места.