Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.
Правниците во Општината подготвуваат предлог измени на неколку законски решенија, со цел, како што вели Герасимовски, намалување или стопирање на дивјачкото однесување на детските игралишта и кршење на урбаната опрема.
Речиси сите семафори на територија на општина Аеродром, кои не работеа по синоќешното невреме, се вратени во функција. На тие точки, ноќта биле мобилизирани полициски службеници кои го регулирале сообраќајот за безбедност на граѓаните.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на средба со командирот на Полициската станица во Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ, разговарал за засилување на мерките за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави.
Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.
Тој во емисијата „Во живо“ зборуваше и за деликвентните однесувања на младите на детските игралишта но и за одржувањето на јавната хигиена и тековните проекти во општината.
-За сите деца организираме лотарија со многу подароци, а како главна награда за најсреќното дете ќе доделиме велосипед, информираат од Општина Гази Баба.
-Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски информира дека оваа локална самоуправа добива нови 60 места за сместување на деца во градинките.
Општина Ѓорче Петров и волонтери од Црвениот крст во паркот во Ѓорче Петров спроведоа акција за делење флаширана вода за граѓаните, поради високите температури што ја зафатија земјата, информираат од Општина Ѓорче Петров.