ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел доближување на услугите до своите корисници, како и излегување во пресрет на барањата на жителите во oпштина Шуто Оризари, отвори нов пункт за наплата во оваа општина.
Екипи на ЈП Паркови и зеленило работат на хортикултурно уредување и формирање зелен коридор на улицата Лазар Личеноски во непосредна близина на ЈП Водовод и канализација на површина од 310 квадратни метри.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на покана на директорката на ЈУДГ 25 Мај, учествуваше во работна акција во клонот Морковче во населеното место Јурумлери.
Во рамките на просториите на Општина Илинден денеска е отворена канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. Таа ќе работи секој работен ден, во период од 08:30 до 13 часот
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го потпиша договорот за почеток на реализацијата на европскиот проекот Re-Construct, за креирање и пилотирање екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад.
Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 годиназа доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.
Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.
На влезот во Домот на култура во општина Илинден поставена е спомен плоча на паднатите борци во Народноослободителната војна, што ги даде населеното место Илинден од 1941-1945 година, соопштија од локалната самоуправа.
Во просториите на општина Гази Баба утрово се оддржа средба помеѓу работните групи од општина Гази Баба и ЈП Градски Паркинг со цел изнаоѓање на решение за сообраќајот во мирување во населба Автокоманда
Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитат