Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски денес беа на увид низ Урбаната заедница Автокоманда со цел решавање на сообраќајниот хаос и изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Рокомија" и „Иван Манолев" во населбата Бутел
Градоначалникот Александар Георгиевски при денешниот увид на градежните работи истакна дека на колекторскиот систем ќе можат да се приклучат околу 1.130 домаќинства
Утре од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улица „Прашка“ и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Општина Карпош
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминатата недела, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, покрај тоа што ги извршуваа редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и на неколку локации во градот
Денеска, Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски извршија увид на работните активности за реконструкција на атмосферската канализација на ул. Кораб, во Општина Карпош
По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатите денови извршија контрола на семафорите на градските крстосници
На Скопскиот плански регион му недостигаат повеќе иновативни проекти, проекти за дигитализација, за социјална инклузија, родова еднаквост и заштита на животната средина, рече денеска директорот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Љупчо Кец Мицковски пред почетокот на циклусот „Форуми на заедницата“
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 236 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Поради веќе закажани технички зафати во мрежата на ЕВН Македонија утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици во Скопје и околината