Прекинато водоснабдување во наведените улици ќе почне од 19:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот.
Од денеска сме чекор поблиску до жителите на нашата општина. Го реализираме нашето предизборно ветување за модернизација на општинските услуги и отсега граѓаните со еден клик ќе можат да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со директорите на сите градски јавни претпријатија со цел интензивирање на работните активности на терен и навремено отпочнување со поголем број на инфраструктурни проекти клучни за Скопје
Црвениот крст на Република Македонија денеска соопшти дека ја следи состојбата во Украина и ги повикува сите заинтересираните правни субјекти и граѓани кои можат да се вклучат во апелот за обезбедување парична помош
Меморандум за соработка потпиша градоначалниот Орце Ѓорѓиевски со деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје, Огнен Марина
Општина Аеродром од денеска уште повеќе ја доближуваме до жителите, низ еден транспарентен процес ја зајакнуваме довербата во општинските служби и ја зголемуваме ефикасноста во работата преку имплементирање на мобилната и веб-апликација „мЗаедница - Аеродром“
Во Скопје денеска беше отворен Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на Министерството за труд и социјална политика, кој треба да помогне во градењето на капацитетите на државната администрација и локалните власти во насока на вклучување на родовата перспектива во буџетите на национално и локално ниво
На повеќе локации во Општина Илинден е извршено подобрување на вертикална сообраќајна сигнализација, при што се поставени повеќе од триесеттина сообраќајни знаци
ЈП Комунална хигиена-Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“, денеска потпишаа Меморандум за соработка, во чиишто рамки се обврзаа на имплементација на образовните програми преку спроведување практични обуки со коишто учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот работен процес во Претпријатието
Со 16 гласа за, советниците од Карпош го усвоија Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 3 04. 05, кој се најде како единствена точка на дневниот ред на денешната вонредна седница на Советот на општина Карпош