Во Универзалната сала изгоре елементот кој што требаше да биде дислоциран. Речиси 70 проценти е демонтиран материјалот кој беше во наша надлежност да го демонтираме.
Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош.
Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.
Од 11.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Тесла“ број 16 и број 18, како и корисниците од улицата „Орце Николов“ број 174 во општина Карпош.
Без вода утре ќе останат корисници од општина Ѓорче Петров, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
По пожарот, две женски лица биле однесени на Токсикологија. Како што потврди вчера за МИА професор доктор Нико Беќаровски од оваа клиника, две женски лица на средни години биле донесени на клиниката поради мала изложеност на гасови, од соседната зграда.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од Општина Ѓорче Петров потенцираат дека со овој центар, значително ќе им се помогне на децата за полесно интегрирање во основното оразование.
Утре на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
МВР денеска соопшти дека се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот во Универзална сала во Скопје.