Жичарата на Водно од утре, вторник (2.04.2024 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, соопшти ЈСП Скопје.
Денот на шегата - 1 Април денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Познат е како ден кога се прават шеги, а традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и се бираат најдобрите маски.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на apskopska@jsp.com.mk.
Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата бр.33, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“. Муралот денеска ќе биде промовиран, а на него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.
Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.
Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани.
Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два.
РСБСП упатува апел да се покаже грижа за безбедноста на децата, пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби и другите учесници во сообраќајот. Луѓето да паркираат совесно и одговорно, апелира РСБСП.
а што и колку некоја општина се грижи е проверлив податок кој секогаш се рефлектира во општинскиот буџет.