Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Поради технички зафат во дистрибутивна електро мрежа без електрична енергија утре ќе бидат повеќе делови на Скопје, соопштуваат од РЦУК – Скопје
Во текот на изминатата недела (22.10 – 28.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици од општините Гази Баба, Чучер Сандево, Кисела Вода и Карпош, информираат од РЦУК.
Владата посредува да се најде решение за проблемот кој го имаат пожарникарите. Но од таму додаваат дека за да можат градските власти да им го исплаќаат надоместокот за опасност при работа, неопходни се законски измени.
На две локации во Скопје, односно во Карпош и Лисиче, денеска се поставени уреди кои ќе собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци.
Големиот број на случаи на заболени во Општина Карпош бара интензивирање на активностите и нов пристап на локален одговор на заканите. Утринава, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги прифати предлозите на тимот при општината, во кој учествуваше и претставникот од граѓанската организација Центарот за добро владеење и интегритет, Заге Филипоски
Поради дефект на огрлица ф-80 на Дебарца 37, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Дебарца, Антоние Грубишиќ и Мирослав Крлежа
Мерењата во последните пет-шест дена покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките на метар кубен во вечерните и ноќните часови, преку ден концентрациите според мерењата се пониски, но во одредени делови и периоди ги надминуваат дозволените 50 микрограми.
Со 23 гласа „за”, 10 „против” и еден воздржан денеска во рамки на 57. седница, советниците го донесоа ребалансот на Буџетот на Град Скопје за 2020 година.