Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 11.30 часот без електрична енергија ќе останат корисници од ул. „Алекса Демниевски“, подулици: 1, 3, 5, 7 и 9, и делови од улиците „Мајски манифест“ и „Ѓуро Салај“ во општина Ѓорче Петров.
По повод „Детската недела“, под мотото „Ние сме мали хуманитарци со големо срце“, градинката „Мимоза“, која е во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, спроведе голема хуманитарна акција.
Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.
ЈП Водовод и канализација известува дека дефектот на улица „Варшавска“ е саниран. Водоснабдувањето е норамлизирано од 18.30 часот.
Од 6 часот денеска до понеделник во попладневните часови, поради изведување градежни работи целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата меѓу улиците „11 Октомври" и „Даме Груев" кај Собранието.
Во рамки на редовната есенска акција за расчистување на отпадот на службите за одржување на хигиената на Општина Центар,, пред големиот државен празник, 11-ти Октомври, се чистат спомениците и бистите на народните херои од НОБ.
Корисниците на улиците „Ташкенска“, „Хаванска“, „Мексичка“ и дел од улиците „Варшавска“ и „Хелсинки“ во општината Карпош денеска од 15 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, што ќе трае до санирање на дефектот
Градот Скопје за да го намали аерозагадувањето и годинава продолжи бесплатно да ги собира остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а четврта година по ред ја спроведува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193
Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, комуналните служби на општина Карпош ја чистеа околината и спомен – обележјата на борците од Народноослободителната борба
Во пресрет на 11 Октомври - Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба