Со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, Општина Кисела Вода постави мерна станица во парцелата на компанијата, соопштија денеска од ОПштина Кисела Вода.
Учениците ги разбираат можностите што ги нуди дигитализацијата, но 43,5 проценти од испитани во анкета како најголем предизвик во дигиталната трансформација ги гледаат зачестените сајбер-напади.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 35 отсто ја намали цената на парно греење за сите деловни корисници во Град Скопје.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, каде во рамки на средбата посетија неколку локации на територија на општина Илинден.
Со реновирање на внатрешноста на објектот, Општина Аеродром ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на објектот на клонот „Пчелка 2“ во населбата Лисиче, што е дел од детската градинка „Буба Мара“.
- Проширувањето на бактеријата „Ешерихија коли“ поради недостиг на јавни тоалети во Скопје, како метропола на оваа држава, претставува сериозна здравствена опасност, соопшти Озбек Ајваз.
Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите, соопшти Општина Илинден.
Во завршна фаза е целосна реконструкција на училишната спортска сала во основното училиште „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров со што, како што наведува Општината, ќе се унапредат условите за квалитетно физичко образование на децата.
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого заедно промовиравме два проекти.