За да се заштити здравјето на граѓаните и на вработените, службите на Град Скопје од денеска /17.03.2020 година, вторник/ ќе работат со скратено работно време, од 9 до 14 часот
Канцеларијата на Скопската православна епархија покрај веќе препорачаното од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за територијата на Скопската православна епархија, донесе повеќе мерки за заштита од коронавирусот.
Центарот за јавно здравје Скопје спроведува голема акција за дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода
Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, одржа координативен состанок во врска со состојбата со коронавирусот и превентивните мерки што ги презема Општината согласно со препораките на Министерството за здравство
Од денеска, 17 март. .2020 год ( вторник), до нареден вторник ( 24. Март) службите на Општина Карпош ќе работат со скратено работно време од 7:30 до 14:00 часот
Од утре (среда, 18 март 2020), Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Пивара Скопје, почнува со реализација на активност наменета за обезбедување логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на градот Скопје
Општина Бутел, во изминатиов перод работеше на нацрт платформа за електронска настава, откако Владата донесе мерки за затварање на училиштата како дел од мерките за заштита од ширење на корона вирусот.
Спроведена е обука со десетте основни училишта на територија на Карпош, за започнување на настава по електронски пат за учениците од деветто одделение
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и директорките на основните училишта во оваа скопска општина денеска на работна средба ги договорија начинот и моделите за продолжување на наставниот процес по електронски пат
Градот Скопје ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот