Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.
Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и граѓаните и вработените до своите работни места, до болниците...
Утрото во понеделник во 4:30 часот ниту еден автобус нема да излезе од базите на претпријатието. Ако им беше битно на 45-те советници на Град Скопје да донесат одлука за субвенциите за ЈСП, тоа можеа да го сторат и вчера и денеска.
Празникот Водици беше најсреќен за 21-годишниот Давид Мелоски од Црниче кој денеска, меѓу педесетина други лица, успеа да го фати крстот од осветените води на базенот „Расадник“, информираат од Општина Кисела Вода.
По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици и оваа година, традиционално, се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден.
Поради верскиот празник Богојавление (Водици), денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
- Посакувам здравје, среќа, спокојство на сите. Со Господ напред, се најдобро на сите, Господ е голем. Сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ, изјави Николовски.
Општината во реакцијата наведува дека Арсовска „нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини“.
Инспекторите за животна средина на Град Скопје по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од ПС Ѓорче Петров, спречиле екоцид на парцела во општина Ѓорче Петров, откривајќи приватна дива депонија во која се оставал опасен отпад
Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.