Во населбата Автокоманда денеска свечено беше пуштена во употреба новата бензинска пумпа под брендот Окта со што малопродажната мрежа на оваа компанија се зголеми на вкупно 27 бензински пумпи.
Секторот за санитарна контрола во периодот 02.12.2019 до 06.12.2019 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во градот Скопје.
– И годинава ќе направиме убав Бадник, најави членот на Одборот за традиционална прослава на Бадник, Мојсо Мојсовски.
Скопје овие два дена е домаќин на петтиот состанок на партнерите во европскиот проект „Мечап“ (MAtchUP), на кој се дискутира на тема „Максимизирање на потенцијалот за подобрување на квалитетот (UpScaling) и репликација на високо степените стратегии за урбана трансформација“
Поради планирани технички зафати во електросистемот на Скопје утре од девет до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Брест, Побожје, Малино Маало, Мирковци, Кучевиште, Бродец и Танушевци во општина Чучер Сандево и дел од корисниците од село Љубанци во општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје
Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје“, во соработка со ПОУ „Златан Сремец“ го започна проектот „Инклузивен град – пристапни објекти за младите со аутистичен спектар на нарушување под покровителство на град Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Градот Скопје заедно со Министерството за образование и наука и претставниците на УСАИД и ОБСЕ, како и Македонскиот центар за граѓанско образование денеска ја претставија завршницата на проектот за интегрирано образование, односно за изведување заедничка настава на деца кои редовната настава ја посетуваат на различен јазик.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 274 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
На Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 Декември, неколку улични активисти поставија табли низ центарот на Скопје, со кои предупредуваат на корупцијата и како таа влијае на живеењето.
Без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Центар, Карпош и Илинден