Без електрична енергија утре во периодот од 08:15 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Атанас Бабата“, „Самарџиска“, „Кујунџиска“, „Ковачка“ и „Јосиф Михајлов“, како и објектите на Музеј на Македонија и Куршумли Ан, во општина Чаир
Во Веро Центар денеска од 14 до 18 часот ќе биде поставен пункт за донации на хигиенски влошки за девојчињата од социјално ризичните групи
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје денеска ќе започне есенска акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари
Жители на улицата „Лазар Димитров“ во населбата „11 Октомври“ во скопската општина Кисела Вода реагираат и бараат од општинските власти да ја асфалтираат улицата, која стои раскопана од пред два месеци.
Гласна музика од локалите, диви депонии, имотно-правни односи и узурпација на јавните површини се работите кои денеска жителите на општина Центар му ги предочиле на градоначалникот Саша Богдановиќ во рамки на отворениот ден.
Денеска, на Светскиот ден на храната, уште две градинки во Карпош овозможуваат здрава и квалитетна исхрана
Црвениот крст на Кисела Вода денеска спроведе бесплатен преглед на шеќер во крвта за вработените во Општина Аеродром
Во рамки на Фестивалот „Џифони-Македонија“ денеска во Градскиот парк ќе биде поставена Патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ (Una vita da social), во која учениците ќе се едуцираат за превенција и заштита од можни злоупотреби на интернет
Група на граѓани ќе достави иницијатива до Уставниот суд за падне спорниот ДУП во Хром во кој се предвидува изградба на нови 100 згради за колективно домување. Тие до медиумите упатија соопштение во кое велат дека ДУП-от е целосно профитерски.
Со тридневна работилница под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, започна реализацијата на проектот „Нитка“, чиишто учесници ќе ѝ се претстават на јавноста со заеднички перформанс, во рамки на јубилејното 20-то издание на Моден Викенд Скопје