Градоначалникот Шилегов денеска учествуваше на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“, во организација на Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“
Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови
Пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, меѓу кои и новопримените 18, ќе бидат обучени за давање прва помош на повредени лица во сообраќајни незгоди или во случаи кога има повредени при интервенции за гаснење пожар
Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од ниската зона од непарните броеви од бр. 61 до бр. 109 на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром
Градењето на стратегија за правилно буџетирање и креирање на одржлив и реален буџет, мобилноста на градовите и грижата за животната средина се главните теми на кои се разговара на Шестата конференција за одржлив развој на општините, на која учествува и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во Дизелдорф, Германија, во организација на LAG – 21 и фондацијата Friedrich Ebert Stiftung
ООУ „Лазо Ангеловски“ од скопската Општина Аеродром ќе биде партнер во два проекта на Еразмус+ во периодот од 2019 до 2021 година
Трката на Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 10 мај 2020 година за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на „Abbott World Marathon Majors“
Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година.
Тимот „Леа“ составен од економисти, дизајнери и девелопер, е победник на предизвикот на Охридска банка на годинешниот „Rethink“ – креативен маратон во организација на Солвео
Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода