Со стендап комедијата на Никола Тодоровски вечер во Спортскиот центар во Ново Лисиче ќе биде затворено шестото издание на фестивалот „Гола месечина“, што почна на 2 септември.
Богоев информираше дека по добивање на информацијата општинските служби излегле на терен и ќе има санкции за инвеститорот.
Шуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени околу 200 деца. Градинката е изградена на местото каде пред четири години изгоре поранешната градинка.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје синоќа спороведе акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.
Млечни производи, зеленчук, овошје, мед, кафе, зачини, житарки и козметика, се само дел од производите што ќе бидат изложени на Фестивалот на органска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Комуналните редари на Град Скопје фатиле група која нелегално пали кабли под Кале. Сторителите се соодветни казнети.
За добивање субвенции, за „енергетски ефикасни домови“, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации.
Патот што води кон населеното место Теферич утре од 9 часот до понеделник до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај поради изведба на градежни работи, информираат од Општина Кисела Вода.
Вкупно 550 барања пристигнале денеска до 15 часот до Град Скопје со што се исцрпени средствата предвидени за субвенции за набавка на печки на пелети за 2019 година. Со ова условот за завршување на јавниот повик на Град Скопје е исполнет.
Со одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна 2019/2020 година, учениците од сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе имаат можност да добиваат субвенционирана ужинка.