МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.
Поради уличен дефект на улица „Јани Лукровски“ 8 и 10 во населба Автокоманда, утре ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од високата зона во населба Автокоманда, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“
Во Општина Карпош немало, а нема ниту во моментот, ниту предмет, ниту одобрение, ниту решение, ниту каков било друг правен акт што се однесува на дом за возрасни лица. Такво нешто во Општина Карпош не постои, одговори градоначалникот Стефан Богоев на новинарско прашање дали од невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски поднела барање за дозвола за градба на старечки дом во Општината
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во активностите за подобрување на условите на учениците и вработените во ООУ „Партенија Зографски“
Вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува за шест отсто, за потрошувачи на ЕЛЕМ Енергетика во Општина Гази Баба за 13,5 отсто, а во Скопје Север за 12 отсто, соопшти денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски
Во тек е замена на фасадната столарија на основното ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Освен вратите и прозорците во училиштето, целосно се менува поткровната конструкција и електричната инсталација, а дополнително се поставува и ново осветлување
Граѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром
Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во рамките на проектите за нивната реконструкција, вчеравечер спроведоа акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот „Партизански одреди“ и на улицата „Лазар Личеноски“
Утре без струја во периодот од 8:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Драга Стојанова“ и дел од ул. „Дренак“ во Општина Кисела Вода
Градот Скопје реагира на информацијата до медиумите пласирана од страна организацијата „Еко-Свест“, во која се тврди дека Акциониот план за Скопје зелен град (GCAP) се изработува нетранспарентно и без учество на граѓанскиот сектор.