Во својата славна, речиси 60-годишна актерска кариера, Курт Расел ги глумеше 12-годишниот Мајк во „Се случи во светот на реалноста“ со Елвис Присли, понатаму – „змијата“ Снејк Плискен („Бегство од Њујорк“ и „Бегство од Лос Анџелес“), Мекреди („Нештото“ / The Thing), Вајат Ерп, Брукс, Семоќниот Јас („Чувари на галаксијата 2“)… Сепак, се чини дека неговата улога на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники 2“ (The Christmas Chronicles 2) на Нетфликс може да му биде и последна
Надевајќи се дека ќе докаже дека одиграл битна улога во претворањето на Мајкл Џордан во американски културен феномен, Сони Вакаро стави едно свое парче спомен на аукција
Поп-ѕвездата Бијонсе освои намногу – девет номинации за доделувањето на следните Греми награди. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денес
Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер (56) говорејќи за ТВ-серијата „Круна“, кажа дека во неа има битни нешта што не се вистинити.
Во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес синоќа беа доделени Американските музички награди (АМА). Водителка на шоуто беше Тараџи Хенсон, a меѓу оние кои настапија, се Џенифер Лопез, Меган ди Сталион, Малума и други
Американскиот глумец и оскаровец Махершала Али за интернет-емисијата „Мајнд пауер микстејп“ раскажа како во 2008 година од религиски причини одбил да сними секс-сцена за потребите на филмот „Занимливиот случај на Бенџамин Батон“
Куси имиња се во мода во Хрватска веќе некое време, а во 2019 година повеќето деца ги добија имињата Лука и Миа, посочуваат хрватските медиуми
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни еднаш им подарил, како изненадување, милион долари во готово на 14 негови пријатели
Познатиот американски водител Конан О’Брајан повеќе нема да го води „Вечерашното шоу“ – претходно „Лејт најт шоу“ (Шоуто доцна навечер)
Кантри-пејачката Доли Партон дарила милион долари за развој на експерименталната вакцина на американската „Модерн фондација“