Црн фустан на познатата холивудска актерка Мерилин Монро ставен e на аукција.
Хеви метал легендата Ози Озборн е в болница, поради компликации од вирус од грип.
Организаторот на фестивалот Вудсток, Мајкл Ленг најави дека по повод 50-годишнината од рок настанот планира да пушти во продажба специјална серија марихуана.
Оскаровката Џенифер Лоренс деновиве пред јавноста го покажа својот веренички прстен со „големо камче“, а потоа нејзиниот потпарол за „Пипл“ потврди дека таа и нејзиното момче Кук Мароуни се свршиле.
Американската актерка Анџелина Џоли го повика Мјанмар да покаже вистинска посветеност за ставање крајот на насилството и раселување во сојузната држава Ракајн, од каде што стотици илјади муслимани Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш.
Глумицата позната по неколку акциони филмови од 80-те и раните 90-ти, Бригит Нилсен пред седум месеци, на свои 54 години го роди своето петто дете, а прва ќерка – Фрида. Актерката за списанието „Тудеј“ проговори за мајчинството и истакнува дека никогаш не се чувствувала подобро.
Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, рече Тамара Тодевска во интервју за босанската телевизија Н1
Јутјуб ѕвездата Остин Џонс, кој се прослави со обработки на познати поп хитови, е уапсен и обвинет за поседување и распространување детска порнографија, оти ги поттикнувал малолетните обожавателки да му праќаат нивни разголении фотографии. Тој може да добие казна затвор од пет до 20 години.
Гласините за љубовната врска меѓу Наоми Кембел (48) и Лиам Пејн (25), се точни, пишува британски „Сан“. Двојката е во контакт повеќе од два месеца и многу се вљубени еден во друг.
Рускиот рапер Децл (Кирил Толмацки) починал по концерт во градот Ижевск. Руски медиуми го цитираат менаџерот Павел Беленец, но информацијата беше потврдена и од таткото на Децл.