Албумот на Битлси „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“ е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата, соопшти британската компанија Ofissl ccarts kompani.
Се чини дека Бредли Купер и Ирина Шајк имаат сериозни проблеми во нивната врска. Пред неколку дена папараците на „PageSix“ ги уловија на вечера во „Тајм Ворнер Центар“, каде според очевидци двајцата речиси не си размениле збор и се гледале кисело целата вечер.
Американската поп пејачка Лејди Гага и тенисерката Серена Вилијамс в мај идната година, заедно со модната уредничка на американското издание на „Воуг", Ана Винтур, ќе бидат домаќинки и водителки на Мет Гала вечерта, еден од најпопуларните настани на годината во Њујорк.
Тејлор Свифт освои четири награди, меѓу кои и онаа за изведувач на годината на овогодишните Американски музички награди, победувајќи ги Дрејк, Ед Ширан, „Имеџин дрегонс" и Пост Малоун.
Години наназад парфемот на Коко Шанел, „Шанел 5“ беше неменлива класика, но сепак дојде време за промени - мали, но воочливи.
Стивен Сигал драматично го прекина интервјуто за Би-би-си по прашање околу обвинувањата за сексуално злоставување.
Американскиот комичар Кет Вилијамс е уапсен во Портланд, Орегон, САД поради напад на возач од градскиот превоз.
Американската пејачка Тина Тарнер откри дека и била извршена трансплантација на бубрег, кој го донирал нејзиниот сопруг Ервин Бах.
Британскиот уличен уметник Бенкси ја шокираше светската јавност, откако неговото дело „Девојка со балон“ беше уништено со помош на механизам за сечење вграден во долната рамка на сликата.
Славниот музичар Ерик Клептон првпат во неговата кариера ќе објави албум со божиќни песни.