Моден викенд Скопје викендов го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува под слоганот „Што ја храни вашата имагинација?“ (What Feeds Your Imagination?).
Македонскиот медиумски етер од утре ќе биде збогатен со нов медиум – Националната Телевизија “1ТВ“. Телевизијата ќе започне со емитување редовна програма во етер од 19 часот и ќе биде достапна за гледачите преку операторите – ОНЕ.ВИП, Телеком, Неотел, Тотал ТВ преку ЕОН, како и на Нет ТВ во целиот свет.
Организаторите на фестивалот најавуваат програма со исклучителни уметници и компании од Франција, Швајцарија, Словенија, Австрија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Унгарија Словачка и Македонија.
Дуото „Ту челос“ (2CELLOS) на хрватските челисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер на 6 октомври ќе одржи концерт во ВИП Арена во рамки на нивната светска турнеја насловена „Score",според нивниот последен албум.
Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет- сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.
Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.
Веќе 20 години, Фолтин е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти во регионов и надвор, а има издадено и 8 успешни албуми.
Легендарниот трип хоп бенд „Морчиба“ на 22 јуни, ќе настапат како хедлајнери на вториот фестивалски ден, викендот помеѓу настапите на Аксвел и Ингросо и Тексас и Дарко Рундек, соопштија од „Авалон продукција“.
Пред големиот солистички концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момците од ТРОПИКО бенд решија да ги израдуваат своите фанови. По три години од последното це-де, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.
Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес се подготвени оваа година да ја поттикнат инспирацијата на секој посетител на 21-ви март, Денот на поезијата, преку традиционалната кампања „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл.