Покојната ѕвезда на „Пријатели“, Метју Пери никогаш не се ожени и нема деца. А, во мигов не се знае дали глумецот оставил аманет за своите пари и имотот, па ако не, неговото наследство ќе оди кај неговите најблиски живи роднини.
Откако беше сведок на овој вознемирувачки инцидент, и публиката и самата Калиопи беа видно потресени. Салата беше навремено евакуирана за да се обезбеди безбедност и благосостојба на сите присутни.
По гласините дека Ал Пачино и Нур Алфала се разделиле, јавноста сега дознава оти познатиот глумец се согласил на неговата партнерка да ѝ плаќа 30.000 долари месечно за грижа на нивното петмесечно бебе, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ).
Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ - „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите.
Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.
Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака.
Тејлор Свифт влезе во редот на милијардерите. Нејзината вкупна нето-вредност сега изнесува 1,1 милијарда долари, благодарение на турнејата „Ерас“ што соборува рекорди, објави „Блумберг“.
Џенифер Лопез ја продаде својата луксузна куќа во населбата Бел Ер во Лос Анџелес. Новата сопственичка платила 34 милиони долари, пишува „Волстрит журнал“.
Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди.
Американската пејачка Кејти Пери, се чини, може да добие нов закон за недвижности именуван по неа - и тоа, според познавачи, не е за пофалба, од нејзино гледиште.