Кубанско-американската поп-пејачка Камила Кабело ја глуми главната улога во новиот игран филм „Пепелашка“
Обвинителството одби да поднесе тужба против поп-пејачката Бритни Спирс, откако член на домашниот персонал ја обвини за телесни повреди. Обвинение нема да биде покренато бидејќи нема доволно докази дека прекршокот се случил и нема повреди кај вработената, соопшти Округот Вентура
Американскиот рапер Кање Вест на својата интернет-страница објави колекција по повод објавувањето на албумот „Donda“. Со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави
Куќа каде што некогаш живеел Френк Синатра, се продава за 21,5 милиони долари. Таа се наоѓа во градот Чатсворт, на околу 50 километри од Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Познатиот пејач живееше во неа во 1950-тите
Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко, Џејмс Спирс се обидува да добие два милиони долари од неа, пред да се повлече од посебниот надзор над неа
Британските метал-легенди „Ајрон Мејден“ го снимија својот 17-ти студиски албум „Senjutsu“ во почетокот на 2019 година, но многу од песните на него – „Days of Future Past“, „Darkest Hour,” „The Writing on the Wall” и „Hell on Earth“, на пр., како да се однесуваат на оваа 2021 година
Богатството на пејачката Шерил Кол се проценува на над 48 милиони евра, а нејзиниот брат Ендрју Твиди е бездомник и принуден да проси на улица
По неколку нискобуџетни проекти, глумицата Кејтлин Тарнер својата прва забележителна улога ја имаше како фатална Мети Вокер во класиката „Телесна страст“ (Body Heat), ноар-трилер исполнет со жесток секс. Филмот беше објавен во кината пред 40 години, во август 1981 година
„Choose My Way“ е новиот сингл на Андреа, македонска поп пејачка, веќе добро позната на македонската публика
По неколку недели одложување, раперот Кање Вест конечно го објави својот десетти студиски албум наречен „Donda“. Toj e достапен на стрим-платфорите од вчера