Плоштадот Македонија вечерва е премал да ги собере сите граѓани и фанови на Вардар кои дојдоа да му оддадат почит на ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНИ.
Ракометарите на Вардар и европски шампиони ја почнаа прославата на титулата од Скопскиот аеродром.
Играчите на Вардар и ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ пред малку слетаа на скопскиот аеродром.
Чартер летот со европскиот шампион Вардар се приближува кон Скопје. Според информациите на flightradar24 авионот се наоѓа на границата со Косово.
„Ова не може да се објасни со зборови. Толку многу емоции на теренот, толку многу неверојатни моменти за фановите...“ е описот пред видеото кое го објави ЕХФ а кое им го посвети на Европските шампиони - Вардар.
Арена Спорт 2 вечерва ќе врши директен пренос од пречекот на ракометарите на Вардар во Скопје.
На официјалната фан страна на фејсбук на спортската телевизија Арена, соопштија дека заедно во авионот со европскиот шампион доаѓаат и двајцата нивни коментатори
Летот на Вардар неколкупати беше одложуван во текот на денот, а според последните информации, вардаровиот чартер е над Хрватска.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот
Колоната возила со навивачи на евроспкиот ракометен шампион Вардар тргна од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон аеродромот каде за околу еден час се очекува да слета авионот од Келн