Македонија доживеа пораз од Исланд со 22-24 (13-11) во последниот натпревар за нашата репрезентација во групата „Б“ на СП во ракомет и не се пласира во следната фаза од Мундијалот. Селекцијата на Гудмундур Гудмундсон имаше потреба од само бод за да оди во следната фаза.
Шведските судии Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик ќе ја делат правдата на денешниот натпревар меѓу Македонија и Исланд кој ќе го одлучи третиот патник од Б-групата меѓу 12-те најдобри на ракометниот Мундијал.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по поразот од Шпанија вечерва изјави дека почетокот на второто полувреме бил клучен за поразот, кога противниците направија серија од 5-0 и поведоа со 6 гола разлика.
Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров по убедливиот пораз од Шпанија вечерва со 32-21 изјави дека „жолто-црвените“ треба се размислуваат за мечот против Исланд, кој го определи како „финале“ на ова Светско првенство за Манедонија.
Македонската ракометна репрезентација го доживеа вторио тпораз на Светското првенство, откако беше поразена од Шпанија во четвртото коло со 21:32 (12:13).
Ракометната репрезентација на Исланд попладнево ја победи Јапонија со 25-21 (13-12) во првиот натпревар од денешната програма во групата „Б“, чии дуели се играат во „Олимпик хале“ во Минхен.
Француската репрезентација на вчерашното дерби со Германија, уште во почетните минути остана без капитен Седрик Сораиндо кој имасе здоби со повреда на листот и мора да оди на детални испитувања за да се утврди сериозноста на повредата.
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров по денешниот пораз од Хрватска со 9 гола разлика (31-22) во Минхен, изјави дека „жолто-црвените“ не се посрамотиле, без оглед на конечниот резултат.
Домагој Дувњак ги предводеше „коцкастите“ со шест гола и осум асистенции, додека Марин Шего ја „спушти ролетната“ со 12 одбрани и беше најзаслужен за водството од 5 гола разлика на Хрватска на крајот од првото полувреме.
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез не беше расположен по убедливиот пораз од Хрватска во третото коло од Светското првенство со 31-22. Шпанецот изјави дека Хрватите одиграле одличен натпревар, а го пофали и голманот Шего, кој на крајот заврши со 12 одбрани.