За ова му оддаде должна почит на главниот спонзор „Гаспром“, кој помогнал лигата да е на високо ниво, што покажува и фактот дека актуелниот првак во Лигата на шампионите е и шампион во СЕХА-лигата.
Ракометарките на Вардар по петти пат се пласираа на завршниот турнир во лигата на шампионите откако со 32-25 го победија Митјиланд во реванш четвртфиналниот натпревар. „Црвено-црните" се единствен тим што успеал да стигне до завршниот турнир пет сезони по ред, и сега сите очекуваат конечно да се освои и титулата.
Во својот последен настап пред домашна публика сезонава во меч од лигата на шампионите Вардар не само што го декласираше Митјиланд со 32-25 (17-12) и се пласираше на Ф4 турнирот во Будимпешта туку уште еднаш ја покажа силата и мотивацијата конечно да стигне до европската титула.
Екипата на ППД Загреб го совлада словенечкиот тим Цеље Пивоварна Лашко со 29-28 (14-11) во второто полуфинале од регионалната СЕХА лига, одиграно синоќа во „СЦ Јане Сандански“.
Бев загрижен за мечот против Мешков, бидејќи тие секогаш играат добро против нас. Одигравме одлично во одбраната, за што помогна многу Штербик.
Вардарци се претплатени оваа сезона да поставуваат рекорди во СЕХА лигата. Најновиот го постигнаа на полуфиналниот меч против Мешков. Со триумфот 33-24 (17-14) „црвено-црните" ја остварија највисоката победа воопшто досега на сите Ф4 турнири.
Противник на Вардар ќе биде победникот од дуелот ППД Загреб и Целје. Финалето се игра во недела во 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански".
Ф4 турнирот на СЕХА секогаш е како „цреша на врвот од тортата" на крајот од одличната сезона. Секоја година, четири најдобри тимови од регуларниот дел на сезоната се борат за титулата најдобар ракометен тим во регионот.
Сѐ започна во 2011 година, кога 12 тимови од 6 земји ги преточија зборови во дела и почнаа да се натпреваруваат во регионална лига.
Без сомнеж може да кажеме дека мечот меѓу Вардар и Мешков Брест ќе биде финале пред финалето. Натпреварот е закажан за утре (петок, 13 април) во 17,45 часот во СЦ „Јане Сандански"