Ослабениот тим на РК Вардар 1961 вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ иако е поразен од РК Еурофарм Пелистер со 29:25, сепак со подобра гол разлика ќе го освои првото место во групата со битолчани.
РК Еурофарм Пелистер со соопштение до спортската јавност бара да не се реагира недостојно на евентуални провокации и однапред смислени можни сценарија.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во денешната реакција посочи дека не прифаќа одложување на натпреварот кој е закажан за в недела од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Загреб го доживеаја петтиот пораз во европската Лига на шампионите, каде истоимениот тим ги совлада со 27:18 (10:10).
Скопскиот прволигаш Вардар 1961 побара денеска од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да го одложи претстојното дерби против шампионот Еурофарм Пелистер поради неповолна здравствена состојба во тимот, повеќето играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза.
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, причината за синоќешниот пораз од Војводина во 1.коло од Лигата на Европа, ја гледа во многуте промашени шанси за гол.
Гостите во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на резултатот, на полувреме водеа со 15:13. Алкалоид во неколку наврати се доближи, но не успеа да направи резултатски пресврт.
Тренер на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ очекува неговите избраници на дуелот со Загреб да ги освојат првите бодови во Лигата на шампионите.
- Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024.
Тренерот на македонскиот претставник, Кирил Лазаров, фаворитската улога ја препушти на гостите, но најави максимална борба во обид да се освојат првите бодови во историскиот прв меч на евро-сцената.