Во петтиот натпревар во Б групата од лигата на шампионите, Вардар загуби во Загреб, 27-28, иако на полувреме имаше предност од 5 голови разлика. Со овој пораз црвено – црните ја прекинаа серијата од 11 мечеви без пораз.
Со убедливи 12 гола разлика ракометарите ја запишаа седмата победа во Сеха лигата не оставајќи им на противниците ниту на момент да помислат дека можат да направат изненадување.