Аферата Скрипал, обидот за труење на рускиот шпион на тлото на Велика Британија ја одбележа пролета, а монструозното убиство на новинар во саудискиот Конзулат во Истанбул – есента.
Годината која изминуа беше многу драматична, полна со тешки катастрофи , некои природни, некои предизвикани од луѓето. Сепак не треба да се заборави дека се случија и некои многу важни, позитивни работи.
Според Бизнис Инсајдер, постојат знаци кои сигурно ќе ви дадат одговор. Тие понекогаш се многу добро прикриени, но не е тешко да се откријат доколку се обрне внимание на неговото однесување.
Некои промени се особено забележливи кај посилниот пол, а врз основа на женското размислување се издвојуваат најлошите особини на денешниот маж.
Славата и парите често одат заедно. Во годината што изминува со најдебела банкарска сметка, може да се пофали Џорџ Лукас, режисер на култниот научно-фантастичен серијал „Војна на ѕвездите“, со 5,4 милијарди долари.
Најмалку две сообраќајни несреќи се предизвикани поради желба на некои возачи да соберат пари кои излетале од блиндиран камион на автопатот кај местото Ист Ратерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси.
Египетската полиција започнала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза, за потоа да се фотографираат голи во текот на сексуалниот однос на врвот на една од најголемите туристички атракции во земјата.
Трендот на правење селфи фотографија и обидите да се добијат што повеќе лајкови на социјалните мрежи се актуелни не само меѓу младите, туку и меѓу повозрасните.
Британскиот ресторан Френки енд Бени`с претстави зона без мобилни телефони, откако спровеле анкета за тоа колку користењето на тие направи има влијание врз семејната вечера. Отсега, тие во понудата имаат бесплатен оброк за децата чии родители ќе ги остават мобилните телефони на влезот во ресторанот.
„Таен Дедо Мраз“ ги разубаве празниците на стотици купувачи во американското гратче Кенет Сквер, во близина на Филаделфија, откако ги плати нивните долгови, направени кога земаат стока на вересија. Анонимниот добродетел платил речиси 30.000 долари.