Шампионот на Англија ја запиша и третата победа по ред во Лигата на шампионите совладувајќи го Данскиот Копенхаген со голот на Махрез уште во првото полувреме. Екипата на Порто пак славеше на гостински терен во Белгија против Клуб Бриж со голот на Силва во судиското продолжение. Силва беше прецизен од белата точка во 93-тата минута и со тоа му донесе целосен пресврт на тимот на Порто, од како по првото полувреме Клуб Бриж уште во 12-тата минута поведе преку Восен, а Лајун во 68-тата минута беше стрелец за израмнувачкиот погодок.

По три одиграни натпревари, Лестер е прв на табелата со максимални 9 бода, Копенхаген се на делба на втората позиција со освоени 4 бода, додека Клуб Бриж е последен без ниту еден освоен бод.


Лига шампиони: Лестер минимално, Порто славеше во 93-та минута (Video highlights)

Погледнете ги наијтересните моменти од двата натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2016 01:59