Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нема начин што ќе овозможи да биде одложен предвидениот почеток на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.

Во Велика Британија претстојат предвремени парламентарни избори на 8 јуни.

Меј побара да се одржат предвремените избори со цел да го зголеми мнозинството на британската Конзервативна партија пред преговорите за Брегзит, но истражувањата покажуваат дека во текот на последните денови нејзината предност значително е намалена.

– Преговорите ќе започнат точно 11 денови по изборниот ден и нема да има никакво одложување. Нема да биде возможно тие да задоцнат. Европејците се готови. Тоа е графиконот што е определен, нагласи Меј на предизборниот митинг во Лондон, каде ги повика гласачите да и дадат силна поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2017 07:47