Откако медиумите јавија дека терминалот на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз денеска е евакуиран откако е пронајден „сомнителен пакет“ во близина на пасошката контрола, аеродромските власти соопштија дека станува збор за лажна тревога.

– Утрово нема евакуација на аеродромот. Само е извршена вообичаена процедура за багаж. Сега повторно нормално функционираме, изјави портпаролот на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Претходно, управата на аеродромот на Твитер напиша дека се проценува безбедносната ситуација, а патниците на социјалните мрежи објавија фотографи од долгите редови на аеродромот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2017 16:09