Во Летонија денеска почна воена вежба на НАТО во која учествуваат над 2.000 војници од Летонија, Италија, Норвешка, Литванија, Велика Британија, Полска, Словачка и САД.

Според летонското Министерство за одбрана за време на маневрите ќе биде усовршена соработката меѓу вооружените сили на земјите учеснички, како и способноста за брза реакција на сојузниците. Активниот дел на воената вежба ќе биде од денеска до 15 јуни, а од девети до 14 јуни воената вежба ќе се одвива надвор од полигонот во Адажи.

Командата на армијата на Летонија соопшти дека ќе бидат одработени реални воени дејствија и дека воената вежба не е насочена кон Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2017 16:21