Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер го прокоментира синоќешниот терористички напад во Лондон, изразувајќи солидарност со жителите на главниот град на Велика Британија, а во истовреме ја промовира сопствената Уредба за забрана за патувања со авион од поединечни муслимански држави како дополнителна мерка за заштита на Американците.

– САД се тука за да им помогнат на Лондон и на Обединетото кралство. Со вас сме. Бог да ве блогослови, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека „мораме да бидеме паметни, внимателни и силни“.

– Судовите мора да ги вратат нашите права. Потребна ни е Уредба за забрана за патувања како дополнителна мерка за безбедност, истакна Трамп.

Британската полиција соопшти дека во синоќешниот напад на Лондонскиот мост загинале шест луѓе, а тројцата напаѓачи се елиминирани од полицијата.

Напаѓачите со возило удриле во пешаците на мостот, а потоа со ножеви нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу. По инцидентот хоспитаизирани се 48 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2017 14:17