Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека поранешниот директорот на ФБИ Џејмс Коми по ништо не се разликува од поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.

Путин нагласи дека, поради тоа Русија е подготвена да му обезбеди политички азил и на поранешниот директор на ФБИ.

Во текот на годишната “Директна линија“, што се пренесуваше во живо на неколку руски телевизии и радиа, Путин оцени дека навистина е чудно тоа што Коми одличил да го сними својот личен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и потоа преку свој пријател да им го предаде на медиумите.

Рускиот претседател истакна дека во овој случај Коми „не дејствувал како шеф на тајна служба, тука како заштитник на човековите права, кој штити одредена позиција“, саркастично прецизирајќи дека доколку Коми биде изложен на прогон, Русија е подготвена да му понуди азил.

– Тој треба да го знае тоа, потенцираше Путин.

По повод истрагата во Вашингтон за наводната руска вмешаност во претседателските избори во САД во 2017 година, рускиот претседател посочи дека, при сведочењата поред разузнавачката комисија на Сенатот, Коми не претставил никакви докази за таква интервенција, јави ТАСС.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 00:05