Британскиот таблоид „Сан“ објави денеска листа со 65 имиња, кои и натаму се водат како исчезнати или се стравува дека загинале во пожар во 27-катната зграда во Лондон, во кој во средата загинаа 17 лица.
На новинарско прашање дали бројот на жртвите може да биде повеќе од сто, командантот на лондонската полиција Стјуарт Канди изјави дека „би сакал да се надева дека бројката нема да биде трицифрена“.