Бројот на загинати во пожарот што уништи станбена зграда во Лондон се искачи на 30, соопшти денеска полицијата.

– Хоспитализирани се 24 луѓе од кои 12 се во критична состојба, изјави Стујарт Канди, шеф на лондонската полиција. Тој додаде дека очекува бројот на жртви да се зголеми.

Пожарот во зграда од 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.Станарите на таа 24-катна зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот. Продолжува и истрагата за причините за пожарот.

Гренфел тауер е изградена во 1974 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2017 12:07