Францускиот претседател Емануел Mакрон го обелодени составот на неговата нова Влада на премиерот Едуард Филип, во која се задржани политичата рамнотежа и паритетот со вклучување и на неколку политичари од редовите на десницата и левицата, јави дописникот на МИА од Париз.

Од новата Влада, во која доминираат членови на партијата Републиката напред (ЛРМ) на Макрон, заминаа четворица досегашни министри од редовите на центристичкото Демократско движење (МоДем), поради "аферите" за фиктивни вработувања на парламентарни асистенти.

По парламентарите избори во неделата, на кои блокот на ЛРМ и МоДем освои апсолутно мнозинство во Националното собрание, Макрон формира во која сега има 30 члена, наспроти 23-та во претходниот Кабинет.

Досегашните министри за внатрешни работи Жерар Коломб, за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан и за економија и финансии Бруно Ле Мер, останаа на истите функции и во новата Влада.

По заминувањето на тројца досегшни министри на МоДем - Франсоа Бајру за правда, Силви Гулар за одбрана и Мариел де Сарнез за Европа, оваа центристичката партија во новата Влада доби две министрски функции и тоа Жаклин Гурол како министер про Министерството за внатрешни работи и Женевјев Дариесек како државен секретар при Министероството за одбрана.

Флоранс Парли, поранешен државен секретар во Владата на социјалистичкиот премиер Лионел Жоспен, беше назначен за нов министер за одбрана.

Поранешениот социјалисти Стефан Травер и Никол Белубе ќе раководат со министерствата за земјоделство и за правда.

Ресорот за тероторијална кохезија, со кој досега раководеше поранешниот социјалист Ришар Феран, близок до Макрон, кој се соочува со судската истрага во една афера со недвижности, во новата Влада го доби Жак Mезар од Левата радикална партија (ПРГ).

Во владата на Филип, кој доаѓа од редовите на конзервативната партија Републиканците (ЛР), покрај Бруно Ле Мер, се најдоа уште неколкумина конзервативци како Жан-Батист Лемуан и Себастијан Лекорни.

Новата влада има 20 министри и 10 државни секретари и подеднаков број мажи и жени. Во неа има 17 министри кои доаѓаат од граѓанскиот сектор.

- Имаме влада со согласност си заложбите на претседателот на Република. Таа е цврста, паритерна и зајакната, соопшти претставник Кабинетот на Mакрон.

Првата седница на новата Влада ќе се одржи во текот на денешниот ден.

Францускиот печат во зависност од политичката ориентација или ја поздравува владата како „експертска“, со оглед на големиот број непартиски членови или пак ја критикува како „технократска“, бидејќи голем број од министрите доаѓаат од високата државната администрација или од престижните административни школи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2017 11:13