Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека се чувствува добро откако за време на утринската молитва во џамијата Мимар Симан во Истанбул му се слоши.

Турскиот весник „Хуријет“ објави дека на Ердоган му е пружена лекарска помош откако му се слошило, а дел од медиумите објавија дека тој кратко време бил и без свест.

Ердоган истакна дека имал проблеми со крвниот притисок поради нерамнотежа на шеќерот во телото.

– Сега се чувствувам добро и ќе продолжам со нашата програма, посочи Ердоган.

Тој додаде дека ќе присуствува на церемонијата во Истанбул што ја организира неговата владејачка Партија на правдата и равојот по повод завршувањето на светиот муслимански месец Рамазан.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 12:10