Турската полиција денеска го разби обидот на геј акивистите да одржат Парада на гордоста во Истанбул, и покрај експлицитната забрана на властите.

На околу 40 присутни полицијата пукаше со гумени куршуми, стравувајќи дека ваквите собири можат да станат цел на припадниците на ултранационалистичките групи.

Мала група активисти се собраа на плоштадот Таксим, но полицијата ги надјача, по што четири лица се уапсени.

Ова е трета година по ред како Парадата на гордоста неуспешно се одржува во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 13:01