Обамакер е мртов, порача американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека Американците заслужуваат подобро.

Трамп, на својот претседателски налог на Твитер, наведе дека пазарите на осигурителните компании пропаѓаат, а милиони луѓе немаат избор. Сето тоа придружено со линк до Белата куќа, каде се наоѓа делот за укинување и замена на Обамакер - законот за здравствено осигурување, донесен од поранешниот претседател Барак Обама.

„Обамакер доведе до поголеми трошоци и помалку опции за здравственото осигурување за милиони Американци“, се наведува на сајтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 13:05