Претседателот на САД, Доналд Трамп не одржа ифтар вечера по завршувањето на Рамазан и на тој начин ја прекина долгогодишната муслиманска традиција во Белата куќа.
Претставниците на Белата куќа неколку месеци го планираа настанот, кој секоја година се одбележуваше под администрацијата на Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама, но годинава тоа не се случи.
Ифтар веќерата првпат е организирана во Белата куќа во 1805 година, а од 1996 година стана традиција, на иницијатива на тогашната прва дама на САД, Хилари Клинтон.