Врховниот суд ќе и дозволи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја применува забраната за патување во САД на патниците од шест поголеми муслимански земји, со што се поништени сите одлуки на пониските инстанци.
Според американските медиуми, денешната одлука на судот претставува победа за Трамп.
Судот заштити од забрана една категорија – оние кои ќе изнесат кредибилни тврдења за поврзаност со лице или ентитет внатре во САД, соопшти Врховниот суд.
Трамп минатата недела истакна дека забраната стапува во сила 72 часа откако ќе биде донесена судската одлука.
Забраната се однесува на граѓаните на Иран, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.